Ој Месечино, новино
- Ој Месечино, новиној, леле,
- јасно да грејеш мори, вечерва.
- Јасно да грееш вечервај леле,
- по бела Јана, леле, ќ' одиме.
- Кога по Јана ојдовме, лелеј,
- вишни ем црешни, леле, ц'теја.
- Вишни ем цреши цатеја, леле,
- бели пченици леле, класеја.
- Бели пченици класеа, леле,
- и в' зори вода, мори, течеја.
- Кога се назад враќавме, леле,
- вишни ем цреши, леле, обрале.
- Вишни ем цреши обрале, леле,
- бели пченици, леле, ожнале.
- Бели пченици ожнале, леле,
- и в' зори вода, леле, секнале.