Оче наш,
Кој си на небесата,
да се свети името Твое,
да дојде царството Твое,
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата.
Лебот наш насушен дај ни го денес;
и прости ни ги долговите наши,
како што им ги проштеваме и ние на нашите должници;
и не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.
Зашто Твое е Царството и Силата и Славата, во вечни векови.
Амин!