Отишло моме вода да налее
горе на крај село, горе кладенецот
море кладенецот под дрво високо.
Ајде нешто виде моме во водата
сенка му се сени од дрво високо
од дрво високо, дрво јаворово.
Ајде кога крена главата нагоре
море ми видело одно лудо младо
едно лудо младо, цело изврзано.
Тогаш лудо вели ајде на момето
ај подај ми моме ѓумот бакарлија
вода да се напијам уста да си оладам.
Ајде вети лудо, дека ќе ме земиш
вода ќе ти дадам грло да оладиш
и ќе те одврзам од клети синџири.
Тогај лудо вели ајде на момето
двајца ќе бегаме во гора зелена
каде ти ќе гинеш и јас покрај тебе.

Поврзано

уреди