Останала, останала жена удовица

Останала, останала жена удовица,
Удовица од седум одини,
Удовица с'едно машко дете,
Му туриле име Асан Ага.
Расна Асан, расна Асан, расна ми порасна;
Ми наврши петнаесет години,
Па истера телца да ми пасе,
Да ги пасе низ потур маале.
Там ја најде, там ја најде Фатма потуршена,
Она пасе калеши јаганца,
Измешала телца и јаганца,
Меѓу њима љубов потфатиле.
Меѓу њима, меѓу њима љубов потфатиле,
Пофатиле тврда беса дале
Да се љубат да не се излажат.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Музика Блог за македонски народни песни