Ордан седи на кулата

Ордан седи на кулата,
На кулата во Брезово,
В раци држи дулбијата.
Па ми гледа горе-долу,
Му догледал црни аскер,
Црни аскер-башибозук.
Фрли бомба сред селото,
Цело село се затресе,
Сиот аскер го потурка.
Извикнаја селаните,
Што е ова од Ордана,
Од Ордана Пиперката.
Ордан куршум не го дупи,
Ордан сабја не го сече,
Ордан носи чесно дрво.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Музика