- Омарно жешко сонцето греит
- и никој на земјата не смеит
- очи да отворит, ура, ура.
- И никој на земјата не смеит
- очи да отворит, напред, напред.
- Ја народ црнеит, таму на брегот
- и ноќта ангел јасно викаше:
- „О Боже, до кога и до кога“?
- И ноќта ангел јасно викаше:
- „О Боже, до кога и до Бога“?
- Еј таму Смилево, борба настанаа
- со петстотин'годишниот тиран
- крв ќе се излеит, ура, ура.
- Со петстотин'годишниот тиран
- крв ќе се излеит, напред, напред.
- И денес мале, младиот јунак,
- се фрли на крвожедниот тиран,
- за да се одмаздит, ура, ура.
- Се фрли на крвожедниот тиран,
- за да се одмаздит, напред, напред.
- Но и за жалост, угасна младост
- свиреп го куршум в' срце погоди,
- со знаме во рака, ура, ура.
- Свиреп го куршум в' срце погоди,
- со знаме во рака, напред, напред.
- Збогум, проштавај, млади јунаку,
- з'ш скоро слобода ќе изгреит
- над Македонија, ура, ура.
- Наскоро слобода ќе изгреит
- над Македонија, напред, напред.