Оздола идат еден млад војвода

Оздола идат еден млад војвода,
по него одат седум, осум души,
нане мила нане, седум, осум души. [2x]
На рамо ми носат пушки малихери,
на гради ми носат чифте патрондаши,
на глава ми носет црни фес капчина,
нане мила нане, црни фес шапчиња. [2x]
Право ми тргет горе за Рашанец,
првиот ми беше Аргир Маринче,
вториот ми беше тој Васил Зимов,
нане мила нане, тој Васил Зимов. [2x]
Третиот ми беше Стеван Куртела,
четвртиот ми беше Јанко Димитров,
нане мила нане, Јанко Димитров. [2x]
Бог да го убие Вељан од Речица, [2x]
нане мила нане, Вељан од Речица
што ги предаде седум осум души
Седум осум души, сè млади момчина
се млади момчиња, сите Македонци
нане мила нане, сите Македонци. [2x]

Поврзано

уреди