Од врв Пирин Планина
- Од врв Пирин Планина
- очаен глас се слуша,
- Македонија плачи. [2х]
- Проклета и триклета
- да бидиш ти Европо,
- блуднице Вавилонска. [2х]
- Французи, Англичани,
- Италијанци и Немци,
- сакаат да сме под ропство. [2х]
- Од рода сум Славјанка,
- земја со злато полна,
- зато завижџет толку. [2х]