5 песна „6 песна“

од народното творештво
7 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947.

Давај ме, мила мамо, давај ме
за што ме срце, мамо, тргнало:
млада партизанка да станам,
Козјак планина да идам,
Карпуш војвода да видам.
Пушкомитролезот да носам,
клети фашисти да косам.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.