3 песна „4 песна“

од народното творештво
5 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947.

Ајдете, браќа,
cитe содружно
да ги скршиме
ропските пранги.
 
Сите содружно
бој да тргнеме,
в бој за слободна
Македонија.
 
Доста е ропсто,
доста тиранство,
доста трпевме
клети фашисти.
 
Пушка на рамо
нож во раката –
кaj партизани
право в гората.

Таму се вее
крваво знаме,
на знаме пише:
Смрт на фашисти.
 
Смрт на фашизмот-
слобода на народот,
слобода за нашта
Македонија.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.