32 песна „33 песна“

од народното творештво
34 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Црвена Вода, Дебарца.

Кога ми дојде војска германска
партизаните ми отстапија,
Mи отстапија во Караорман.
Таму ceдea до пет, месеци,
го дочуваа црвено знаме.
Mи излегоа рано пролети,
ми излегоа Црвена вода
и ми слегоа дури Белчишта,
и гo развија црвено знаме.
Тогај велеа белчишки моми:
„Ние мислевме от’ загинале,
от’ загинале партизаните,
тиe отишле во Караорман,
го дочувале црвено знаме,
пак да се сменит Македонија.“
Македонијо, ти мајко мила,
зарај тебе сме ниe станале,
за да те тебе ослободиме!


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.