28 песна „29 песна“

од народното творештво
30 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Ржаново, Малесија.

Горе Малесија
дрво високо,
под дрвото лежит
ранена мома,
сo куршум удрена
обете нози.
Книга што ми пишит
во Караорман,
за во Караорман
во Главниот Штаб.
Спомош тој да пратит
за в Малесија,
за во Малесија,
селото Локов.
Бојот се започна,
бојот ужасен,
пушки ми пукает,
митролез гргат,
бомбите ми праштет,
селото горит.
Го горевте вие,
Клети фашисти
и изгоревте!


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.