25 песна „26 песна“

од народното творештво
27 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Лазарополе.

Деветти јуни црв cе облак зави
во тоа славно Лазарополе.
 
Нападнае арамии,
Гостиварци, Горнореканци,
Командирот нифни беше
пиперкарот довчерашен,
пиперкарот довчерашен,
a cera мajop германски –
командирот нифни беше
Жемо Асан од Симница.
Испљачкае, испустие,
испустие, искршие.
И собрае селаните
да носет во Гостивар,
и’ носие до Тресонче.
Абер дојде на Жемовци,
Жемовата куќа горит,
ја горит партизаните.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.