20 песна „21 песна“

од народното творештво
22 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Габровник, Велешко.

3ора се зори, слнце угреа,
мајките плачат, сестрите жалат,
Стојна - Стојанка брата не жали.
Облекла Стојна руба партизанска,
отишла Стојна во гора зелена:
„Горо ле горо, горо зелена,
горо зелена, шумо бујата,
чуваш ли брата, брата Јована?“
Оздола идат двајца партизани,
Стојна - Стојанка тио ги пита:
„Ој вие двајца браќа партизани,
дал He видовте моето братче,
моето братче, младо партизанче?“
„Стојно - Стојанке, моме убаво,
сништи го ние брат ти видовме,
во Прилеп града борба водеше,
борба водеше сос фашистите,
сос фашиетите, сос Германците.
Алав да и е на негова мајка,
што го доила и пораснала.“


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.