17 песна „18 песна“

од народното творештво
19 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од Егејска Македонија.

Денес Трповски се прошчава
од родните планини.
Стани, Трповски, од гробо стани,
ај стани, стани, другаре!
Шо остави твој другари
пo ocoj нe прибрани?
Стани, Трповски, од гробо стани,
ај стани, стани, другаре!
Не остана друг кај тебе
да работа за народ.
Стани, Трповски, од гробо стани,
ај стани, стани, другаре!


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.