15 песна „16 песна“

од народното творештво
17 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Бистрица, Велешко.

Славеј пиле, ја запри се,
ја почекај, немој пеј,
не буди го мојот другар,
нека мирно почива.
 
Ах нема те веќе, Трајче,
ти увена како цвет,
гробот црн те грабна, друже,
од красниот овој свет.
 
Чудна беше твојата мисла,
твојата машкост голема.
Ти почина, друже Трајче,
за нашата слобода.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.