Стани, Пецо, стани другар
од твоијот грозен гроб !
Веле стои на пештера,
тој ми вели ем говори:
„Ај станујте, мој другари,
фашистите сардисаа,
сега за нас живот нема,
живи ќе не изваќаат"
Сите тогај се пробија,
се пробија, куртулија,
другар Пецо ни погина –
фашистите го фатија,
главата мy пресекоа,
долу село ја снесоа,
долу село во Габровник,
во Габровник на средсело.
Изговара проклет Петре:
„Ој падаре, партизане,
собери ги селаните,
селаните габровчани,
да познаат ова глава,
ова глава партизанска.“
Сите тогај излегоа,
никој глава не познава,
никој глава не кажуе.
„Ој падаре, партизане,
ајде сега напред пред нас.“
Го тераа до ливаѓе,
тува глава му зедоа.