Нико, Нико мори, меанџико
- Нико, Нико мори, меанџико,
- Чини есап, Нико, да ми платиш,
- Што ти служев, Нико, три години
- Сум решило, Нико, да се женам.
- Еј Стојане, море измеќаре,
- Ако сакаш, Стојан, да се жениш,
- Јас си имам, Стојан, измеќарки,
- Која сакаш, Стојан, таа земи.
- Нико, Нико мори, меанџико,
- Татко ми оставил проклетија,
- Да не земам, Нико, јас девојка,
- Тук да земам, Нико, јас вдовица.
- Еј Стојане, море, млад Стојане,
- Ако сакаш, Стојан, ти вдовица,
- Ако сакаш, Стојан, ти вдовица,
- Седи овде, Стојан, земај мене.