Никнало, никнало, цвеќе шарено
- Никнало, никнало,
- Цвеќе шарено,
- Пред моми, пред моминото
- Пенџерче.
- Дење го, дење го
- Моме вадело,
- Ноќе го, ноќе го
- Момче крадело.
- Дејгиди, дејгиди,
- Момче будало,
- Не знаеш, не знаеш,
- Моме да љубиш,
- Тук' знаеш, тук' знаеш
- Цвеќе да крадеш.
- Цвеќето, цвеќето
- Е за мирисање,
- Момето, момето
- Е за љубување.