Не ми седи коконо
- Не ми седи коконо
- не ми седи достојно,
- не ми седи мори
- крај портите.
- Ќе поминат коконо,
- ќе поминат достојно,
- ќе поминат мори
- клети турци.
- Ќе ти речат коконо,
- ќе ти речат достојно,
- ќе ти речат мори
- потурчи се.
- Ти да речеш коконо,
- ти да речеш достојно,
- Ти да речеш мори
- не се турчам.
- Не се турчам аго бре,
- не се турчам бегу бре,
- не се турчам
- да загинам.