Не ми го лажи Ѓорѓи момето
- Не ми го лажи Ѓорѓи момето, џанам,
- момето ми е Ѓорѓи малечко.
- Момето ми е Ѓорѓи малечко, џанам,
- од седум-осумнаест години.
- Не ти го лажам бабо момето, џанам,
- оно се само лаже по мене.
- Оно се само лаже по мене, бабо,
- по мојта рамна снага висока,
- по мојта руса коса кадрава.