Нешто ќе те прашам сине

Нешто ќе те прашам сине
право да ми кажеш.
Право да ми кажеш сине,
без да ме излажеш.
Зошто сине болен лежиш,
време три години?
Време три години,
па и шест месеци?
Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам.
Право ќе ти кажам мајко,
без да те излажам.
Кога си бев стара мајко,
на млади години,
арамија шетав мајко
по Боишки планини.
На пат сретнав стара мајко,
момче и девојче.
В раце си држеа стара мајко,
едно машко дете.
Јас им реков стара мајко,
оган да запалат.
Оган да запалат стара мајко,
дете да испечат.
Кога го печеа мајко
мене ме гледаа.
Кога го јадеа мајко,
мене ме колнеа.
Зато сум ти стара мајко
толку болен, лежам.
Време три години,
па и шест месеци.

Поврзано

уреди