Нели сторивме вера и клетва

Нели сториме, севдо мори
вера и клетва
ни да се мажиш, севдо мори,
ни да се женам.
Леле, лепа мори, ни да се женам.
Ти да ме чекаш, севдо мори,
До три години,
Ти не ме чека, севдо мори,
Ни три недели
Леле, лепа мори, ни три недели.
До Солун ојду, севдо мори,
Абер ми дојде,
Што се армаса, севдо мори,
За мојто кумче.
Леле, лепа мори, за мојто кумче.
Ме поканае, севдо мори,
Кум да ве венчам,
Со кои раци, севдо мори,
Венци да држам,
Леле, лепа мори, венци да држам.
Со уста реку, севдо мори,
Да се ќердосаш,
Со срце веља, севдо мори,
Пак моја да си,
Леле, лепа мори, пак моја да си.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Во изведба на Група Бапчорки