На сред село мамо, тапан чука

„ На сред село мамо, тапан чука “

од Македонско народно творештво
од Велес пеел Коце Бошков (1956 година), Соборски народни песни ,Македонски народни песни

На сред село мамо,тапан чука,
Тапан чука,мамо,оро се игра(2п)
Сите моми,мамо,танец водат,
Танец водат,мамо,песни пеат.(2п)
Песни пеат,мамо,за момите,
За момите, мамо,за момците(2п)
се млади момци се Македонци
Пушти мене,мамо,јас да идам,
Да се фанам,мамо,на орото(2п)
На орото,мамо,да заиграм,
Да заиграм, мамо,да запеам.(2п).[1]


Наводи уреди

  1. Соборски народни песни“,Васил Хаџиманов стр.8 Скопје август 19464год Издавач:Книгоиздателство „Кочо Рацин“-Скопје тираж 3000 примероци.