На сред село едно дрво

На сред село едно дрво
едно дрво тополово
на него од сите страни
имињата напишани.
Меѓу нив е и моето
до името на момето
што го љубам и милувам
и во сонот го целувам.
Од година на година
расте дрво тополово
а на него имињата
израснаа се зближија.

Поврзано

уреди