На сред село, тапан чука

„ На сред село, тапан чука “

од Македонско народно творештво
од с.Богомила Велешко, пеел Коста Деловски (1947 година), Соборски народни песни ,Македонски народни песни


На сред село, тапан чука
Глас ми дава да се зберат,
Да се зберат на соборот,
Соите моми и ергени.

Веднашми се насобрале,
Ситно оро заиграле,
Танец води Ѓела мома,
Шела мома танчарија.[1]


Наводи

уреди
  1. /files/books/Соборски народни песни“],Васил Хаџиманов стр.11 Скопје август 19464 год Издавач: Книгоиздателство „Кочо Рацин“-Скопје тираж 3000 примероци.