Слобода или смрт (1898)/ На револуционерниот организатор Гоце Делчев

На Трајко Китанчев

од Атанас Раздолов
1 јуни 1903 г.
(македонскиот Левски)

„Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира “
Христо Ботев

Плачи земјо, крају мој роден,
Низ глас двоен плач да тече
По бесценет син народен
Млад што ојде в покој вечен.

Туку зошто в плач да гргам!
Вечен е тој што се бори;
Друг зад него веднаш трга,
Оганот на бунтот гори.

Таа ѕвезда патоводна
На небото не се гаси,
Во борбата доброплодна
Споменот му в сјај ќе краси.

Цели осум зли години
Земјата ја крстосувал,
По полиња и долини
Борбата ја разгорувал.

В лути битки со тирани
За слобода и правини,
Народот свој тој го бранел,
Посевезден по планини.

И заврши свое дело
Со нетленен голем венец;
Со пречисто чело бело
Тој загина како светец.

Духот секаде му лета,
Вабејќи во борбата -
Идол правдата му беше.
Бог му беше светлината.