Над село Лавци Битолско

Над село Лавци Битолско

од народното творештво

Над село Лавци Битолско
голем се облак надвиснал
не било облак заросен
тук била војска фашиска

Обратно огнот на село
стража до стража во село
во Лавци борба започна
нерамна борба крвава

На една страна Даскалот
на друга Панде Јовчевски
од сите страни опколени
целото село во пепел

Бомба по бомба фрлаа
куршум по куршум стрелаа
од секој истрел фиран два
паѓаат и пак доаѓаат

Предај се предај партизан
жив в куќа ќе те гориме
од куќа бомба испука
Даскалот тешко загина
и Панде фрла над село

Извор