Моторни песни/ Пролет во фабриката

„Вера“ „Пролет во фабриката“

од Никола Јонков Вапцаров
„Фабрика“
Песната е издадена во 1940.

Да влезе сакаше со прва смена, вчас
моторот срдито по неа вика здаде:
„Не може внатре, се прашам тука јас,
го праша ли портирот, и - без марка каде?“

Но, таа мошне упорна, се впушти
без прашање низ врати тесни, сиви.
Па, отворајќи некој прозор, уште
накај моторот почна да се криви.
И веднаш една запеа машина.
Но луѓето работеа намрштено.
И разбирајќи која е причината,
моторот рече:
„Со неа јас ќе свршам!“

-Што ломотиш? - го запраша низ смеа
мешалката од челик, веднаш потем.
- Обиди се, но верувај, со неа
штрајк ние ќе приготвиме.

Моторот молкна. Ветерот, пак, внесе
во просториите здив топол на ораница,
и напев еден, напев широк, весел-
и стапалки од нозе испукани од рани.

Па, оние, што некога се бореле
со земјата, заздиваа ко коњи.
А другите, крај прозорци растворени
блескотеа под сводот модер они!

Од пап-машината се јави некој грубо.
А едно моме песна почна прво.
Во неа едно момче се загледа заљубено
а оно, пак, се вцрви!

Портирот тогаш влезе тивко, тивко,
и рече: „кој со шверц се вмолкнал?“
Но, разбирајќи, виновно се сврти,
се почеша, си свирна, потем молкна.


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.