Мост ми ѕидат девет мајстора
- Мост ми ѕидат девет мајстора
- девет мајстора, до девет браќа
- мост ми ѕидат во Кратово
- во Кратово на река Манцева
- Дење го ѕидат, ноќе мост им паѓа
- се опкладиле деветте браќа
- која ќе снаа утре да дојде
- ручек да донесе на мајсторите
- нејзе ќе ја в' темел заѕидаме
- да ни затрае мост на реката.
- Вечерта кога дома дојдоа
- сите им кажале на невестите
- само не и кажа најмалото братче
- он не и' кажа на Рада невеста.
- Станала Рада ручек зготвила
- ручек им однела на мајсторите
- кога ја видело Радино момче
- викнало оно на глас да плаче.
- Кога ја фанаа Рада девери
- ја заѕидаја во темели
- Рада на девери милно се моли
- барем остајте ми десната града.
- Барем остајте ми десната града
- за да си надојам машкото дете.
- И оставија десната града
- за да си надои Рада единче.