Молитва
„Песни“, 1953 година од Блаже Конески |
- Да појдеш ноќе в шума
- Од сите утајум тајно,
- На тиха полноќ да втасаш
- До едно место знајно.
- Ставити трепетни борје
- До небо таму се вишат,
- Тревите околу бујно
- Опоен омав дишат.
- Нема да истрпи веќе
- Срце што лудува силно,
- Со викум ти ќе се фрлиш
- На земи дивно и вилно.
- Земјо, радост ѝ треба
- На една младешка снага.
- Лекуј ме, лекуј ме, земјо,
- Од немир темен и тага!