Многу крвја, многу солзи

Многу крвја, многу солзи,
Земја натопија,
Многу лисја гора смени,
Машка снага испи.
Но по таа борба тешка
Слобода ни блесна.
Во илјада деветсто и
Третата година,
Се создаде Република,
Во славно Крушево,
Македонска Република,
Прва на Балканот.
Претседател прв ми беше,
Тој Никола Карев,
Со македонските војводи,
Сите Илинденци.
Даме Груев, Питу Гули
И Јане Сандански.
За слобода загинаа,
Славните војводи,
На Македонците они,
Завет оставија,
Да се борат за слобода
За Македонија.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Музика