„Млад постаџија“

од Македонско народно творештво
Елена Молерова,53 г. во Банско 1898 година.Молерови 99, Браќата Димитр и Костадин Г.Молерови „Народописни материјали од Разлошко,во редаакција на Акад.Ст.Романски,СОНУ,кв.XI.VIII.Софија 1954 година.


Никола,Никола,
младо постаџиче,
не шири постата
д‘га та широка,
не мори аргате,
ко не се аргате,
за днеса,за утре,
току се аргате
за година време.
-Мамо, мила мамо,
ја не шире посте
за сите аргате
току шире поста
за Трена девоќа
да а дендисам,
дендиса ли ќе,
толек денлетен ден
без вода студена,
без сенќа ладена1[1]


Наводи

уреди
  1. /files/books/Македонски народни умотворби, книга втора „Трудови семејни и хумористични песни“], Др.Марко Китевски стр.55