Ми излегла Евда низ чаршија
- Ми излегла Евда низ чаршија
- низ чаршија Евда низ града Струга
- да ми бара баш терзија,
- да ѝ сошие ајде срмен елек
- да ѝ сошие срмен елек
- срмен елек Евда за Велигден.
- Добровечер Миле млад терзија
- дали имаш многу за шиење?
- Кажи пиле што ми сакаш
- и да имам тебе не те враќам,
- шуќур Господ ми те донесе,
- ми заличи Евде дуќанчето.
- Јас ќе шијам Миле срмен елек
- направи ја Миле ти сметката,
- колку пари ќе ми бараш
- да ѝ кажам Миле на мајка ми? [х2]
- За сметката Евде калај бива
- лесно ќе се Евде погодиме,
- за кроење милување,
- за шиење Евде бакнување. [x2]
- Затвори го Евде пенџерето
- да запалам Евде ламбичето,
- да те гледам за мерење
- мера Евде пиле да ти земам. [x2]
- Еј ти Миле аџамија
- земај мера море ти од око
- белки ќе е поубаво
- и за мене Миле и за тебе. [x2]