Миха (вики-превод)
Јона | Миха Библија (вики-превод) од н.п. |
Наум |
Глава 1
уреди
1Збор од ГОСПОД упатен за Миха[1] од Морешет[2], во деновите на Јотам[3], Ахаз и Хезекија, цареви на Јуда, она што тој го виде за Самарија[4] и Ерусалим.2Чујте сите вие племиња, слушни земјо и сите во неа! Господ Јахве може против тебе да сведочи, Господ од Својот свет храм.
Пресуда против Самарија и Ерусалим.
уреди3Ете гледај, ГОСПОД доаѓа од Своето пребивалиште, слегува и гази по висовите на земјата. 4Се топат планините под Него, а долините се раздвојуваат како восок пред оган, како води што јурат по падина. 5Заради престапот на Јаков[5] е сево ова и заради гревовите на домот Израелев! Кој е престапот на Јаков? Не е ли тоа Самарија? И кои се висовите на Јуда? Не е ли тоа Ерусалим? 6Затоа ќе направам од Самарија купишта шут во полето, место за сеење лозје. Ќе ги истурам во долината[6] камењата нејзини. Темелите ќе ѝ ги соголам. 7На парчиња ќе бидат здробени сите идоли нејзини! Со оган ќе бидат изгорени сите храмски дарови! Сите кипови нејзини ќе ги уништам! Затоа што од плата на блудница се насобрани, затоа како плата за блудница пак ќе бидат употребени. 8Заради ова јас ќе плачам и лелекам, ќе одам наоколу бос и гол, ќе завивам како шакалите и ќе стенкам како ќерките уткини. 9Неизличиви се раните нејзини. Ете дојде до Јуда, допре до вратата на мојот народ, до Ерусалим. 10Во Гат[7] да не кажувате, во Ахо[8] да не плачете, во Бет Офра[9] да се валкате во прав! 11Минувајте жители на Шафир[10] во голотија и срам! Нема да излезат жителите на Заанан[11]. Во плак е Бет Есел. Ја одзеде Тој од тебе заштитата Негова. 12Во болка се превива чекајќи избавување оној кој живее во Марот[12], оти дојде несреќа од ГОСПОД дури до вратата на Ерусалим. 13Впрегни ја колата жителу на Лахиш[13], почеток на гревот беше за ќерката Сионова, оти во тебе беа најдени престапите на Израел. 14Затоа ќе му дадеш разделбени дарови[14] на Морешет Гат, градовите на Ахзив[15] ќе испаднат препредени за царевите на Израел. 15Сепак освојувач ќе доведам против тебе, ти кој живееше во Мареша[16]. Сѐ до Адуллам ќе допре славата на Израел. 16Избричете ги и истрижете главите заради вашите мили деца! Станете ќелави како мршојадци, оти ќе заминат од вас во прогонство[17]!
Глава 2
уреди
Човековите и Божјите планови.
уреди1Тешко на оние кои смислуваат неправда, кои поготвуваат зло во постелите свои. Штом осамне тие и го спроведуваат, затоа што имаат таква моќ[18]. 2Посакуваат ниви и ги приграбуваат, посакуваат куќи и ги одземаат. Изнудуваат и го одзимаат од човека домот негов и од пријателот наследството негово. 3Затоа вака вели ГОСПОД: „Гледајте, подготвувам против овие луѓе тешка несреќа, од која нема да си ги спасат вратовите и нема да одат гордо, оти време за несреќа иде.“ 4Во тој ден ќе ве иссмеваат, песна за подбив ќе ви испеат: „Уништени сме, уништени! Разделени се имотите на мојот народ! Ете од мене зема, на предавникот ги дава нивите наши!“ 5Заради тоа ќе нема од тебе кој да дели земја со жрепка во собранието ГОСПОДОВО.
Лажни пророци.
уреди6<Не проповедајте!“, велат[19] тие. „Не дозволувајте им да проповедаат за овие нешта! Нема да дојде немилост врз нас!“ 7Треба ли да велиш доме Јаковов: „Лут ли е Духот ГОСПОДОВ?“, или „Ова се делата Негови!“ Не му прават ли добро зборовите Мои на оној кој праведно чекори? 8Во последно време народот Мој како непријател се крева; наметка и богата облека соблекувате од безгрижните минувачи, од луѓе кои се враќаат од битка. 9Жените од Мојот народ ги бркате од нивните пријатни домови, од децата нивни го одземате благословот Мој засекогаш. 10Станете! Одете си одовде, оти не е ова место одмаралиште за вас! Осквернето е, разрушено и болно преку секоја мерка! 11Ако дојде човек ветрогон и лажго, и ве измамува велејќи: „Јас ќе ти пророкувам за виното и за пивото.“, тој ќе стане пророк што му одговара на овој народ!
Ветено е избавување.
уреди12Ќе те приберам Јакове[20], сите ќе ве приберам. Ќе го соберам заедно остатокот на Израел. Ќе ги доведам како овци во трло, како стадо на пасиште. Ќе биде врвулица од луѓе. 13Ќе се искачи пред нив Оној Кој разбива, ќе ја разбијат портата и ќе поминат, ќе излезат преку Него. Ќе помине Царот Нивни пред нив, а ГОСПОД ќе им биде на чело.
Глава 3
уреди
Укорени се водачите и пророците.
уреди1Тогаш реков: „Слушнете сега водачи на Јаков и управници на домот Израелев: >Не ли сте вие тие што треба да ја знаат правдата? 2А вие доброто го мразите, а злото го сакате! Кожата на луѓето им ја дерете и месото од коските им го глодате! 3Јадете месо од Мојот народ и кожата му ја дерете, коските на парчиња му ги кршите, како за во тава, како месо за во грне!'“ 4Ќе викнат тогаш кон ГОСПОД, но Тој нема да им одговори. Ќе го сокрие лицето Свое тогаш од нив, затоа што правеа злосторства. 5Вака вели ГОСПОД за пророците, за оние кои го водат Мојот народ во заблуда: „На оние кои им ги полнат забите им проповедаат мир, но ако некој не донесе нешто за устата нивни, подготвуваат против него војна. 6Затоа ноќ за вас, без видение! Темнина за вас без претскажување! Ќе зајде сонцето за овие пророци и ќе се зацрни денот за нив. 7Посрамени ќе бидат гледачите, понижени претскажувачите. Секој од нив ќе си го покрие лицето, оти Бог нема да им даде одговор!“ 8Но јас, јас сум исполнет со сила, со Духот ГОСПОДОВ, со правда и моќ да му го објавам на Јаков престапот негов, на Израел гревот негов. 9Слушнете го сега ова водачи на домот Јаковов и управници на домот Израелев, вие кои ја презирате правдата и извртувате сѐ што е право, 10вие кои го градите Сион со крвопролевање и Ерусалим со зло. 11Водачите негови за поткуп судат, свештениците негови имаат цена за која подучуваат, а пророците за пари претскажуваат, сепак на ГОСПОД се потпираат и велат: „Зарем не е ГОСПОД меѓу нас? Нема да нѐ снајде несреќа!“ 12Затоа, заради вас, Сион ќе стане поле преорано, Ерусалим[21] ќе стане купишта шут, ридот каде што е храмот - насип обраснат со грмушки.
Глава 4
уреди
Планината ГОСПОДОВА.
уреди1Во последните денови планината на храмот ГОСПОДОВ ќе биде поставена за главна меѓу планините и ќе биде издигната над ридовите, па река од луѓе ќе потече кон неа. 2Ќе доаѓаат многу народи и ќе велат: „Дојдете да одиме на планината ГОСПОДОВА, кај домот на Јакововиот Бог! Тој ќе нѐ научи за патиштата Негови, за да врвиме по патеките Негови.“ Од Сион ќе излезе закон и збор ГОСПОДОВ од Ерусалим. 3Тој ќе суди среде многу народи, ќе измирува спорови меѓу силни и далечни народи. И ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои во српови. Нема повеќе народ против народ да крева меч, ниту да се вежбаат за војна. 4Секој човек ќе седи под својата лоза и под својата смоква и ќе нема кој да ги заплашува, затоа што ГОСПОД Семоќен така рече. 5Ете, сите народи можат да одат, секој во името на своите богови, но ние, ние ќе одиме во името на ГОСПОД, нашиот Бог, за вечни времиња.
Планот ГОСПОДОВ.
уреди6<Во тој ден[22]“ - вели ГОСПОД - „ќе ја приберам сакатата, прогонетата ќе ја соберам и онаа на која ѝ донесов страдање. 7Ќе направам од сакатите остаток, од прогонетите силен народ, и ќе владее ГОСПОД над нив на планината Сион, од сега па до вечност. 8А, ти стражарска куло[23] на стадото, тврдино на ќерката[24] Сионова, ти ќе бидеш обновена. Повторно ќе дојде во тебе на власт царството на ќерката Ерусалимска.“ 9Зошто сега плачеш на сет глас? Цар ли веќе немаш? Советникот твој исчезна ли, та болка те обземала како жена која раѓа? 10Превивај се во болка ќерко Сионова, како жена која раѓа, оти сега мораш да го напуштиш градот и да живееш во полето! Ќе одиш во Вавилон[25], таму ќе бидеш избавена, таму ГОСПОД ќе те откупи од раката на твоите непријатели. 11Но сега собрани се против тебе многу народи. Велат: „Нека биде осквернета, и нека се наситат очите наши над Сион!“ 12Тие не ги знаат мислите ГОСПОДОВИ и не ја разбираат намерата Негова. Ете, Тој ги собра како снопје на гумно. 13<Стани и врши ќерко Сионова, оти рог железен Јас ќе ти дадам и копита бронзени! Ќе сотреш многу народи.“ И ќе Му го посветиш на ГОСПОД нивниот нечесно здобиен плен, нивното богатство на Оној Кој е Господар[26] над целата земја.
Глава 5
уреди
Ветување за Владетел од Витлеем.
уреди1Распореди[27] ги сега војските граду утврден! Опсада е поставена против нас. Со стап ќе удрат по образот на владетелот[28] Израелев. 2Но ти Витлееме[29] Ефратов[30], мал си меѓу родовите Јудини, од тебе ќе излезе за Мене Оној Кој ќе владее над Израел, чие потекло е од древните времиња[31], од деновите на вечноста. 3Затоа ќе ги напушти, сѐ до времето кога родилката ќе роди, и остатокот од браќата негови ќе се вратат кај народот на Израел. 4Ќе застане, и ќе ги пасе во силата ГОСПОДОВА, во величественоста на името на ГОСПОД, неговиот Бог. Ќе живеат безбедно, оти големината Негова ќе досега до краиштата на земјата.
Избавување и уништување.
уреди5Тој ќе биде нивниот мир. Кога Асирија ќе навлезе во нашата земја, кога ќе продре во тврдините наши, ќе издигнеме против неа седум пастири, седум водачи на народот. 6И ќе ја завладеат земјата Асирска со меч, земјата Нимродова со нивните исукани сабји. Тој ќе нѐ избави од Асирците кога ќе навлезат во нашата земја и кога ќе ги прегазат границите наши. 7И ќе биде остатокот на Јаков среде бројни народи како роса која доаѓа од ГОСПОД, како тивки дождови по тревата, кои не чекаат на човек, ниту зависат од синовите човечки. 8Ќе биде остатокот на Јаков меѓу народите, среде многу племиња, како лав меѓу шумски ѕверки, како лавче меѓу стада овци, кое, како што оди - удира и распара и никој од него не може да ги спаси. 9Ќе се издигне раката Твоја над Твоите непријатели и сите Твои противници ќе бидат уништени. 10<Во тој ден“ - вели ГОСПОД - „Јас ќе ги сотрам коњите твои среде тебе и ќе ги уништам колите твои. 11Ќе ги уништам градовите во земјата твоја, ќе ги срушам сите твои тврдини. 12Ќе ги уништам магиите од раката твоја и нема да има веќе меѓу тебе кој да прави магии. 13Ќе ги уништам длабените кипови и светите камења кои се среде тебе, и нема повеќе да клечиш пред делата на сопствените раце. 14Ќе ги искоренам Ашерините столбови[32] кои се среде тебе и ќе ги разурнам градовите твои. 15Ќе им се одмаздам во гнев и лутина на народите кои не се покорија.“
Глава 6
уреди
ГОСПОД суди против Израел.
уреди1Слушајте сега што вели ГОСПОД: „Стани, покрени судска постапка пред планините! Нека го слушнат ридовите твојот глас!“ 2Слушнете го планини обвинението ГОСПОДОВО! Слушнете вие вечни темели на земјата, оти на суд излезе ГОСПОД против Својот народ! Против Израел тужба поднесе. 3<Народе Мој, што сум ти направил, какво бреме сум ти наложил - одговори Ми!? 4Ете, те изведов од земјата Египетска, од домот на робовите те избавив, и ги испратив пред тебе Мојсеј, Аарон и Мирјам. 5Народе мој, сети се сега што беше наумил Балак[33], царот на Моав, и што му одговори Балаам, синот Беоров! Сети се (како патуваше) од Шиттим[34] до Гилгал, за да ги препознаеш праведните дела ГОСПОДОВИ.“ 6Со што да дојдам пред ГОСПОД и да се поклонам до земја пред Севишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Него со жртви паленици, со телци едногодишни? 7Ќе биде ли задоволен ГОСПОД од илјадници овни, од десетици илјади потоци масло? Треба ли да го жртвувам ли првородениот мој за мојата вина, плодот на моето тело заради гревот на мојата душа? 8Ти покажа човеку Тој што е добро, и што ГОСПОД бара од тебе. Ете, да постапуваш праведно, да ја сакаш милоста и кротко да врвиш со својот Бог.
Вината на Израел и неговата казна.
уреди9Гласот ГОСПОДОВ кон градот[35] повикува - мудро е да се има страв од името Твое - „Чувајте се од стапот[36] и од Оној Кој покажува со него. 10Има ли уште кај тебе, доме зол, богатство со зло здобиено, „ref> Ефа, волуменска мерка за суви материи, жито и сл, околу 22 литри, кај нас порано постоела слична мерка што се нарекувала полник, со приближно ист волумен.</ref>ефа смалена, проклета. 11Ќе го оправдам ли оној кој се служи со нечесни мерки, со вреќа лажни тегови?! 12Богаташите негови[37] полни се со насилство, жителите негови лажат, јазикот нивни измами кажува. 13Затоа почнав да те уништувам, да те рушам поради твоите гревови. 14Ќе јадеш, ама нема да се наситиш и мевот твој празен[38] ќе биде! Ќе ставаш на страна, ама нема да го сочуваш, оти што ти ќе прибереш, Јас на меч ќе предадам! 15Ќе сееш, ама нема да жнееш! Ќе гмечиш маслини, ама маслото нема да го користиш! Ќе цедиш грозје, ама вино нема да пиеш! 16Ги следеше законите на „ref> Омри ... Ахав (1 Цар 16:25,30) направиле повеќе зло од сите цареви пред нив.</ref>Омри и сѐ што правеше домот Ахавов! Ги држеше обичаите нивни! Затоа ќе те предадам на уништување, на потсмев ќе ги предадам твоите жители, +презир ќе трпите од народите!
Глава 7
уреди
Бедата на Израел.
уреди1Тешко мене! Останав како оној што летни плодови доберува, поберки од лозјето! Нема гроздови да јадње, за рана смоква чезнеам[39]. 2Исчезна побожниот од земјата и нема повеќе ниту еден праведен меѓу луѓето. Сите за крвишта демнат, братот свој во мрежа го ловат. 3Обете раце им се вешти во зло. Во заговор се владетелот кој си бара, судијата кој прима поткуп и моќникот кој своја волја наложува. 4Најдобриот од нив е како трн, најправедниот е полош од бодлива ограда. Дојде денот на оние кои кон Тебе гледаат, денот на Твојата посета. Сега за нив доаѓа збрка. 5Не верувај му на соседот, немај доверба во пријател! Пред жената што во прегратка ти лежи внимавај што зборуваш! 6Зашто син татко не почитува, ќерка против мајка станува, снаа против свекрвата своја! Непријатели на човека му се неговите домашни! 7Но јас кон ГОСПОД гледам со надеж, чекам на Бог, мојот Спасител. Знам, ќе ме слушне мојот Бог.
Израел ќе се подигне.
уреди8Не сити се над мене непријателке моја! Иако паднав, пак ќе се кренам! Иако седам во мрак, ГОСПОД е мојата светлина! 9Гневот ГОСПОДОВ ќе го истрпам, затоа што грешев против Него, сѐ додека мојот случај Тој не го разреши и не ме прогласи за прав. А Тој ќе ме изведе на светло и ќе ја видам јас праведноста Негова. 10Тогаш ќе види непријателката моја и ќе се покрие со срам. Онаа која ми велеше: „Каде е ГОСПОД, твојот Бог?“, ќе биде згазена како калта по улиците и очите мои тоа ќе го видат. 11Ќе дојде ден за обновување на ѕидините твои, за проширување на границите твои. 12Тогаш ќе доаѓаат кај тебе од Асирија и од градовите египетски, од Египет, па сѐ до Еуфрат, од море до море, од планина до планина. 13Земјата ќе се претвори пустина заради жителите нејзини, како последица на нивното однесување.
Молитва и хвалоспев.
уреди14Паси го народот свој со својот жезол, стадото на твоето наследство, кое живее препуштено само на себе в шума среде Кармел. Нека пасат во Башан и Гилеад како во некогашните денови. 15Ќе ти покажам чудесни нешта, како во деновите кога излезе од Египет. 16Ќе видат народите и ќе се засрамат од сета нивна сила. Ќе стават рака на устите, а ушите ќе им оглувеат. 17Ќе лижат прашина како змии, како оние што ползат по земја. Ќе дојдат треперејќи од нивните дувла. Кон ГОСПОД, нашиот Бог ќе се свртат во страв и ќе се плашат од тебе. 18Има ли друг Бог[40] како Тебе, Кој проштева грев и им го заборава престапот на остатокот од Своето наследство!? Нема Тој да се гневи довека, затоа што ужива да биде милостив. 19Пак Тој ќе се смилува над нас. Ќе ги згази нашите гревови, ќе ги фрли во длабочините морски сите наши неправедности. 20Ќе покажеш верност кон Јаков[41] и милост кон Авраам, како што им се заколна на татковците наши во одамнешните денови.
Белешки
уреди- ↑ Миха значи кој е како ГОСПОД.
- ↑ Морешет, веројатно Морешет Гат (1:14) во јужните области на Јуда.
- ↑ Јотам, Ахаз и Хезекија владееле од 750 до 686 г. пр. Хр. (Јер. 26:18).
- ↑ Самарија и Ерусалим, главни градови на Јуда и Израел.
- ↑ Јаков, друго име за Израел (1 Мој 32:28).
- ↑ Самарија била изградена на рид (1 Цар 16:24).
- ↑ Игра на зборови, Гат звучи слично како Хебрејскиот збор за кажува.
- ↑ Ахо звучи слично како Хебрејскиот збор за плаче.
- ↑ Бет Офра значи дом на правот.
- ↑ Шафир значи пријатен.
- ↑ Занаан звучи слично како Хебрејскио збор за излегува.
- ↑ Марот звучи слично како Хебрејскиот збор за горко.
- ↑ Лахиш, звучи слично како Хебрејскиот збор за запрега. Еден од најголемите градови во Јуда (Иса 36:2). Сенахериб бил толку горд што го освоил, што ја украсил својата палата во Нинева со релјеф кој го прикажува освојувањето.
- ↑ или мираз, како кога татко се дели од ќерката при женидба, Ерусалим ќе мора да го предаде Морешет Гат.
- ↑ Ахзив значи измама.
- ↑ Мареша звучи слично на Хебрејскиот збор за освојувач.
- ↑ Израел бил одведен во прогонство од Асирците во 722-721 г. пр. Хр, а Јуда од Вавилонците во 586 г. пр. Хр.
- ↑ Букв. затоа што тоа е во моќта на нивните раце.
- ↑ Букв. проповедаат тие.
- ↑ Израел, а се однесува веројатно и за северното и за јужното царство.
- ↑ Ерусалим бил уништен во 586 г. пр. Хр.
- ↑ Времето на Месијата.
- ↑ Главен град на Давид, царот - пастир. Давидовото царство ќе биде обновено од Месијата.
- ↑ или риду.
- ↑ Овде Миха го претскажува падот на царството и одведувањето во прогонство во 586 г. пр. Хр., исто како и почетокот на обновувањето во 538 г. пр. Хр.
- ↑ Хебр. Адонај.
- ↑ или Зајакни ги ѕидовите.
- ↑ Ерусалим ќе биде освоен, а неговите цареви заробени и одведени во Вавилон, последниот цар Седекија бил ослепен (2 Цар 25:7).
- ↑ поточно Бет Лехем, што значи дом на лебот.
- ↑ Ефратов, оној Витлеем кој е во областа Ефрат.
- ↑ или чие исходиште.
- ↑ Обележја на божицата Ашера.
- ↑ Балак ... Балаам (4 Мој 22-24).
- ↑ од Шитим до Гилгал (Ису 3:1; 4:19).
- ↑ Ерусалим.
- ↑ Значењето на оваа реченица во Хебрејскиот јазик не е сосема јасно.
- ↑ На Ерусалим.
- ↑ Не е сосема јасно што овој збор значел во Хебрејскиот јазик.
- ↑ Да бараш побожен е исто како да бараш летни плодови после завршената жетва.
- ↑ Веројатно игра на зборови меѓу името на пророкот кое значи: оној кој е како ГОСПОД.
- ↑ Јаков ... Авраам, Бог им се заколна на Авраам (1 Мој 22:17) и на Јаков (1 Мој 28:14) дека нивните наследници ќе бидат бројни како песокта на морскиот брег, и му се заколна на Авраам дека ќе биде татко на многу народи (1 Мој 17:5, Лука 1:54-55). Тука се вклучени сите верни (Рим 4; Гал 3:6-29; Евр 11:12).