Мили боже, дал' ослепе,
тоа чудо да не видеш,
как' ја мачат таа жена,
как' ѝ вадат нежна душа?

Мирка, мајко, на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.

Низ планини тажен одам,
в' далечини песна слушам,
темно пиле жално пее,
низ Почепската корија.

Мирка, мајко на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.

Тивок ветер провејува,
за маките раскажува,
црна земја маченица
ми покрива гулабица.

Мирка, мајко на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.

Извор

уреди