Меанџика Дона мома сака да се мажи

„ Меанџика Дона мома сака да се мажи “

од Македонско народно творештво
од Велес, пеел Иван Николовски Танго (1938 година), Соборски народни песни, Македонски народни песни,

Меанџика Дона мома,
сака да се мажи,
ерген најде сто години,
По на нога да е.

Ерген најде сто години,
Токму как го сака,
па го врти,па го гледа,
Па маана му најде.

Му отсече една рака,
помалку да тепа.
Па го врти,па го гледа,
Па маана му најде.

Му отсече едно увце,
помалку да слуша,
па потоа го погледа.
Па маана му најде.

Му извади едно око,
помалку да гледа,
Го дуздиза,го дотера,
токму как го сака.
Па му вика Дона мома,
ајде сега дома,
дома да те водам.