Марш на Првата македонска ударна бригада

Еј, ние сме првата македонска бригада!
Друже Тито, в Македонија
Крвав бој поведовме.
И под твојто славно знаме
Жар и челик станавме.
Еј, ние сме првата македонска бригада!
Ечи Локов, ечи гора,
Ечат полја, долини,
Тиран свива гнасна глава
Пред нашите херои.
Ропски пранги кинеме
Зора греј над новиот строј,
Борба кога паѓаме
Тито твојот лик ни стој.
Ропски пранги кинеме...
Еј, ние сме првата македонска бригада!
Глас се чуе од гробојте
Глас на страшни освети:
„Крвта наша, крвта мила
Со крв да се отплати“.
Ропски пранги кинеме ...
Еј, ние сме првата македонска бригада!
Друже Тито, в Македонија
Крвав бој поведовме.
И под твојто славно знаме
Жар и челик станавме.
Ропски пранги кинеме...

Текст и композиција: Владо Малески

Извор уреди