Марко коси зелена ливада

Марко коси зелена ливада, (х2)
Мара бели платно на реката, (х2)
Мајка Мара од белење вика, (х2)
Елај Маро, елај мила ќеро, (х2)
На брата ти ручок да однесеш, (х2)
Леле мале, леле стара мале, (х2)
Мене Марко за сестра не знае, (х2)
Мене Марко за либе ме знае. (х2)

Поврзано уреди

Надворешна врска уреди

Блог за македонски народни песни

Музика