Марика на стол седеше
- Марика на стол седеше, оф, аман.
- Марика на стол седеше,
- љубовно писмо четаше,
- дробни си солзи ронеше.
- Мајка Марика прашаше, оф, аман.
- Мајка Марика прашаше:
- - Зошто, Марике, си плачеш,
- зошто си читаш, ем плачеш?
- Писмо сум, мајко, добила, оф, аман.
- писмо сум, мајко, добила,
- од бојно поле Солунско,
- од мојто либе сакано.
- Писмо ми пише либето, оф, аман.
- Писмо ми пише либето,
- либето ми е ранено
- од тие клети душмани.