Манифест на Главниот штаб на НОВ и ПОМ

Манифест на Главниот штаб на НОВ и ПОМ

од група автори
с. Црвена Вода, Караорман планина, октомври 1943 година


М А Н И Ф Е С Т

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ! МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ! БРАЌА И СЕСТРИ НА НАШАТА ПОРОБЕНА АМА НИКОГА НЕПОКОРЕНА ТАТКОВИНА!

Настанаа деновите на големите победи на нашето оражие. Секој ден ни носи нова, голема победа. Непобедливата Црвена армија, надеш на сите поробени народи, напредуе на запад, без да можат да ја задржат. Сојузничките англо-американски армији напредујат во Италија. Нашата славна Народно-ослободителна војска на Југославија, под умната команда на најголемиот војник на нашата земња другаринот Тито, ги ослободуе градовите и селата по цела Југославија. Еве денес и нашата млада Народно-ослободителна војска на Македонија, што е составен дел на Народно-ослободителната војска на Југославија, израснала от малите партизански отреди за време от двегодишни нерамни борби протиф фашиските окупатори и нејзините слуги, се здоби со големи победи. Ослободен е голем дел от нашата татаковина. Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја - ослободуењето на Македонија.

Деновите што настануат са во исто време и денови на големи борби што ке ја решат судбината на нашата напатена и окрвавена татковина.

Германските фашиски окупатори претрпеја смртоносни удари при Сталинград, Орел, Харков, Смоленск, у Африка, Сицилија и Италија. Они го изгубија својот најголем сојузник - фашиската Италија на Мусолини. Но уште не са уништожени. Напротив уште ни стојат големи и тешки борби со тој главен непријател на слободата и независноста на нашиот народ.

Големоболгарските фашисти на чело со принц Кирил, Филов, Михов и други, што служат верно на Хитлеровите поробителни планови, се навоѓајат пред капитулација. Што повеќе се приближујат до границата на Болгарија братските словенски руски армији и што се појак е притисакот на народно-ослободителните востанишки дружини на братскиот болгарски народ се повеќе се разјадуе болгарската клика и нејзините слуги сред редовите на македонскиот народ. Туку уште, тије долни слуги на Хитлеровиот фашизам, заедно со разбоинишките германски орди, газат со својата бербатна чизма по нашите градови и села, по нашата света земња. Еве уште тије разбојнички банди обирајат по нашите села. Еве и денес на сила ги одвлечујат нашите синови во далечните бојишта, да се тепајат против големите сојузнички армији и против нашите југословенски браќа, а се тоа - зошто? - за германските банкари и барони. Со тије нечисти слуги на Хитлеровиот фашизам, со големо-болгарските фашиски окупатори, ни стојат такуѓере уште многу тешки и остри борби.

Големосрпските хегемонисти, на чело со предателскиот генерал Дража Михајловиќ, што служеја верно на германо-италијанските окупатори со цел да ги разбијат нашите народно-ослободителни борби, се навоѓајат денеска во раскапуење. Нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија ги разби комај по сите земњи на Југославија. Туку, тије бедни ронки на големо-српската хегемонија против који денеска стануе српски народ, заедно со сите народи во Југославија, се обидујат сетики да ги исполнат својте нечисти цели, со помоќта на окупаторите да ја разбијат нашата Народно-ослободителна војска. Во тоа они се соединија со големо-албанските хегемонистички среди во областа на Гостивар-Тетово, додека во областа на Куманово, со напаѓањето на џамији, се обидујат да ги скараат и фрлат во меѓусобна братоубиствена војна Македонците, Албанците и Турците. За да го осигураат повраќањето на режимот на големо-српската хегемонија и тиранија во Македонија, се служат со се’. И со тија гнасни слуги на Хитлеровиот фашизам, со големо-српските агенти на окупаторот во Македонија, ни стојат такуѓере уште многу големи и остри борби.

Големо-албанските фашисти и големо-албански хегемонистички елементи от цела Албанија, се збирајат по целата македонска територија под фчерашната италијанска окупација и со помоќ на германските окупатори от сите страни се обидујат да ја разбијат нашата Народно-ослободителна војска. Оваја реакционерна големо-албанска клика, уште от сега со провокаторско поставуење на прашањето за утрешните граници, сака да го разбије единството на македонскиот и албанскиот народ, што е создавано низ тешка и неравна борба против окупаторот. Она сака да ги фрли во братоубиствена верска војна за интересот на германските фашиски поробители. Она создава разбојнички, качашки банди со цел да го разбие нашиот тил. И со тије нови слуги на Хитлеровиот фашизам, со големо-албанските хегемонистички агенти на окупаторот, ни стојат уште многу големи и остри борби.

Македонските фашисти, предатели на македонскиот народ, слуги на германските фашиски окупатори на чело со Ванчо Михајлов от една страна и Китинчев, Ѓузелов, Чкатров, Коста Ципушев и други от друга страна са денес во раскапуење. Се повеќе што се гледа дека германскиот фашиизам се крши и се поголем што е напливот на борците во редовите на нашата Народно-ослободителна војска се повеќе се создава страх во редовите на сите предатели на македонскиот народ, који за сметка на Хитлера ја продадоја нашата татковина. Но овие подли предатели се обидујат да го расцепат македонскиот народ и на тој начин и понатакај да го поробујат. И против таја фашиска клика ќе требе уште долго, здружено и смело да се бориме.

БРАЌА СЕСТРИ, МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!

За прв пат во нашата славна историја имаме денес своја млада народна војска. За прв пат нашата млада војска жние победа по победа. Ние идеме спрема лице на новите големи борби. Се работи за судбината на нашата земња. Бије последниот час. Ве викаме вас, синови и ќерки на македонскиот народ да се сплотите во борбените редови на нашата Народно-ослободителна војска на Македонија. Ве викаме со небројни сили да удираме по сите непријатели на нашата слобода и независност. Ве викаме и вас, стари илинденски борци да стапите во редовите на нашата војска. Одново воскрснуват славните денови на Крушевската република и Илинденското востание. Те викаме и тебе, јунашка младино на Македонија, што даде толку жертви во борбата за слободата на својот народ. Те викаме тебе, македонски народе, да стапиш тврдо во нашите редои. Деновиве што идат ке ја решат твојата судбина.

Ние требе без друго да ги запреме крвавите германски окупатори што уште сакат да ја поробујат и обирајат нашата земња.

Ние требе бездруго да ги изпадиме големоболгарските окупатори от нашата татковина. Но ние ке направиме братство и единство со болгарскиот народ, кој веќе води решителна борба против големоболгарските фашисти и хегемонисти.

Ние требе бездруго да ја изпадиме големоалбанската клика и да ја направиме неспособна да го поробуе македонскиот народ. Но ние ке направиме братство и единство со албанскиот народ, кој нема ништо општо со тија реакционерни, хегемонистички клики.

Ние требе да ја изпадиме и големосрпската хегемонистичка и предателска банда на Дража Михајловиќ и да ја направиме неспособна наново да го врати режимот на големосрпската хегемонија и тиранија во Македонија. Но ние ке направиме братски СОЈУЗ СО СИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ НАРОДИ, на базата на полна национална рамноправност со српскиот, хрватскиот, словенечкиот и другите народи во Југославија. Ние ке работиме на тоа, заедно со сите народи во Југославија за да го создадеме братскиот сојуз на јужнословенските народи, зимејки го во нашите братски пазуви и братскиот болгарски народ.

Ние требе бездруго да ги изпадиме сите предатели на македонскиот народ, се едно дали се они во служба на Хитлера, на големоболгарската, ели на големосрпската хегемонистичка реакција. И ние ќе го создадеме полното единство на македонскиот народ, почнувајќи от комунистите, па се до старите илинденски борци, во борбата за една нова, слободна и народна Македонија.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ! МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!

Фашиските империјлисти со големоболгарските, големосрпските и големогрчките хегемонисти ја раскинаа нашата татковина и ја превртеја во ситна пара за поткусуруење на своите империјалистички интереси.

Овија хегемонистички клики во сите балкански земњи го распалуеја вечно расцеплението меѓу балканските народи. Денес сите балкански народи са едно, не само во борбата против фашиските окупатори, туку и во борбата против сите империјалистички хегемонисти на Балканите и против секој туѓ империјализам, што би се обидел да се меша во внатрешните работи на балканските народи. Тоа ни го гарантира и договорот склопен помеѓу Советскиот Сојуз и Англија на 26 мај 1942 година. Денес сите балкански народи са едно во борбата за создавање на еден братски федеративен сојуз на балканските народи, на базата на полна национална рамно правност и признавуење на правата за самоопределение на народите. Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убаво положение и толку сојузници за да ти се исполни твојот вековен идеал - соединението на Македонија. Затоа требе сите да се собереме околу нашето народноослободително движение, без разлика што некој во миналото се сеќавал како болгарофил, гркоман ели србоман. Затоа требе да создадеме заедно фронт со сите балкански народи во борбата против фашиските окупатори и против секој империјализам на Балканот.

БРАЌА И СЕСТРИ АЛБАНЦИ И АЛБАНКИ!

Германските фашиски окупатори и нијните слуги на големоалбанските фашисти и хегемонисти се мачат да ве бутнат во братоубиствена, верска војна. Они уште от сега го поставуат прашањето за утрешните граници, само за да можат да го разбијат единството меѓу македонскиот и албанскиот народ, кое е создавано во тешките борби против окупаторот и кое е главната пречка наново да се врати фашискиот ропски јарем. Уште од сега создаваат ајдушки, качачки банди за да ги обират сите наши села без да гледаат дали са тоа македонски ели албански, со цел да го разбијат нашиот тил.

БРАЌА И СЕСТРИ АЛБАНЦИ И АЛБАНКИ!

Немојте да оставиме на крвавите германски окупатори да ги скараат нашите два братски народа. Немојте да оставаме да го разбијат нашето борбено единство и да ги раздвојат нашите две славни знамиња - знамето на Скендербег и знамето на Крушовската република, соединети што ожниеја многу победи. Знајте дека соединените војски на сите балкански народи се борат денес за да се создаде една балканска федерација и дека ние највеќе ќе допринесеме за да се исполни таја голема цел, само ако уште посилно го закрепиме нашето единство и ако уште повеќе удриме против сите непријатели на нашето единство. Знајте дека после оваја војна сите балкански народи сами ќе си решават за својата судбина.

БРАЌА ТУРЦИ И ВЛАСИ!

И вас сакајат подлите германски окупатори да ве бутнат во братоубиствена војна. И от вас сакајат да направат покорни фашиски робои. Вашата судбина тесно е врзана со судбината на македонскиот народ. Придружете се на нашата борба и земете участие во нашата нова народно ослободителна влас.

НАША МЛАДА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКО НА МАКЕДОНИЈА, ГОРДОСТ НА НАШАТА ТАТКОВИНА!

Уште посмело и уште порешително удирај по непријателите на нашата слобода и независност - по германските фашиски окупатори и нијните слуги. Уништожујте ги фашиските орди, што ја поробија и ја обраја нашата таковина. Одмаздите ги нашите народни јунаци: Јордан Николов, Цветан Димов, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и толку други најарни синови на нашиот народ, што паднаја от крвничката фашиска рака. Високо развевајте го славното знаме на Гоце и на Крушовската република и тргнете по патот на легендарните илинденски востаници за ослободуење на нашата мила татковина.

Напред во борбата. Напред во победата.

Да е жива геројската Црвена армија и нејзиниот велик водач Сталин!

Да са живи нашите силни сојузници aнгло-совјетско-американска коалиција!

Да е жива борбата за слободата на македонскиот народ!

Да е живо единството и братството меѓу македонците, албанците, турците и власите.

Да е жив врховниот штаб на Народно-ослободителната војска на југославија и АВНОЈ-гаранција за националната слобода и рамноправност на нашиот народ!

Да е жив врховниот командант другаринот Тито, прикажаниот војсководец на нашата славна Народно-ослободителната војска на Југославија!

Да е живо единството и братството на народите на Југославија со братскиот болгарски народ!

Да е живо единството и братството на народите на Југославија со сите балкански народи!

Да е жива слободна Македонија!

Смрт на фашизамот - Слобода на народот.

ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА И ПАРТИЗАНСКИТЕ ОДРЕДИ НА МАКЕДОНИЈА:

Политички комесар, Цветко Узуновски, от Преспа доброволец на Шпанската народна војска

Командант, Михајло М. Апостолски, от Штип генералштабен мајор на бившата југословенска војска.

Членовите на штабот: Методија Ченто, трговец од Прилеп; Хамди Дема, капетан на албанската војска од Дебар; Страхил Гигов, работник од Велес; Венко Марковски, поет од Скопје; Петар Пирузе, адвокат и рез. поручник на бившата југословенска војска от Охрид; Иван Танов, капетан на шпанската народна војска од Ѓевѓелија; Никола Минчев, учител и рез. поручник на бившата југословенска војска од Кавадар, Јелисиј Поповски, доброволец на шпанската народна војска од Маврово; Кузман (Борко) Јосифовски, студент од Прилеп.

Октомври 1943 год, Положај.

Извори

уреди
  • „Гласник на ИНИ“, Скопје, 3/1968, 187-193 стр.
  • Вера Весковиќ – Вангели и Марија Јовановиќ (ур.) „Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата 1941-1945“, ИНИ, Скопје, 1976, 334-339 стр.