Македонски народни песни/ Гукни ми гукни гугутко
- Еј, гугутка гуга у гори
- Невеста шета по двори (х2)
- Еј, гукни ми гукни гугутко
- и јас сум така гугало
- и јас сум така гугало
- кога сум било при мама.
- Еј, кога ме мама миеше,
- бело ми лице цавтеше,
- бело ми лице цавтеше,
- руса ми коса растеше.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |