Македонски народни песни/ Градел Илија манастир

Градел Илија манастир,
градел Илија манастир,
градел Илија манастир, оф аман, аман,
на врв на Пирин Планина.
Оздола иде Ирина,
оздола иде Ирина,
оздола иде Ирина, оф аман, аман,
и на Илија говори:
„Земи ме батко Илија,
земи ме батко Илија,
земи ме батко Илија, оф аман, аман,
во твојта тесна ќелија.“
„Калугерица да станам,
калугерица да станам,
калугерица да станам, оф аман, аман,
црно норасо да носам.“
„Не можам сестро Ирино,
не можам сестро Ирино,
што ти се руси косите, оф аман, аман,
и ти играат очите.“
„Косите ќе ги исечам,
косите ќе ги исечам,
очите ќе си ги скротам,
косите ќе ги исечам, оф аман, аман,
очите ќе си ги скротам.“


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Музика