Македонски народни песни/ Врана коња јавам јас
- Врана коња јавам јас,
- Одам по невестата,
- Одам по невестата,
- Дал' ќе ми ја дадат.
- На сред село тапан чука,
- Оро се вие,
- Оро се вие,
- Мома водеше.
- Татко и ја дава,
- Село не ја дава,
- Село не ја дава,
- Оти е убава.
- Ќе умрам мајко, загинам,
- Без неа дома не одам,
- В село слуга ќе бидам,
- Само неа да гледам.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |