Македонски народни песни/ Во влашкото маало жолти куќи високи
- Во влашкото маало
- Жолти куќи високи.
- Во влашкото маало
- Жолти куќи високи.
- Ој Јанино, баш Јанино,
- Жолти куќи високи.
- На порте ми седеше
- Момето на Илчови.
- На порте ми седеше
- И на ѓерѓеф везеше.
- Ој Јанино, баш Јанино,
- Жолти куќи високи.
- Оздола иде млад Стојан
- И на моме говори
- Дај ми го моме ѓерѓефот
- Ќе ти дадам два гроша.
- Ој Јанино, баш Јанино,
- Жолти куќи високи.
- Не и’ го зеде ѓерѓефот
- Тук ја фати за рака.
- Ој Јанино, баш Јанино,
- Жолти куќи високи.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |