Македонски народни песни/ Ај да бегаме мори Васе
- Ај да бегаме мори Васе
- ај да бегаме [x2]
- в града Солуна
- ај да бегаме
- в града Солуна.
- Там ќе најдеме мори Васе
- там ќе најдеме [x2]
- мома Спасија [x2]
- болна легнала.
- Ми повикала мори Васе
- ми повикала [x2]
- до три доктора
- ми повикала до три доктора.
- Први и вели мори Васе
- од мерак лежи
- втори и вели
- тешко е болна. [x2]
- Трети и вели мори Васе
- трети и вели [x2]
- јас ќе ја лекувам [x2]
- и ќе ја земам.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |