Македонски народни песни/ Ајде ќе те прашам бре Донке

Ајде ќе те прашам бре Донке е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Ајде ќе те прашам, бре Донке,
Донке Вардаринке:
Ајде дали тече, бре Донке,
Вардар матна вода?
Ајде тече, тече, бре лудо,
бели далги фрла.
Ајде ми донесе, бре лудо,
до два ми јунака.
Ајде први јунак ми беше
тој ми Мирче Ацев
Ајде втори јунак ми беше
тој ми Страшо Пинџур.

Види исто така

уреди

Надворешни врски

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.