Македонски народни песни/ Ајде жалај ме, Малино
- Ајде жалај ме, Малино моме,
- плакај ме,
- Оти јас ќе одам, Малино моме, комита.
- Ај низ таја, Малино моме,
- Пирин Планина,
- на кумитските, Малино моме, зборишта.
- Ајде отиди, Малино моме, в градина,
- ајде набери, Малино моме,
- китка трендафил.
- Ајде накити, Малино моме,
- Делчев војвода
- и неговата, Малино моме, верна дружина.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |