Македонски народни песни/ Ајде дали знаеш паметиш Милице
- Ајде дали знаеш паметиш Милице
- Кога си бевме малечки де-еј
- Кога си бевме малечки Милице
- Ај кога се двајцата љубевме
- Ај кога се двајцата љубевме Милице
- Во чичовото градинче де-еј
- Во чичовото градинче Милице
- Ај кај шарените цвеќиња
- Ај кај шарените цвеќиња Милице
- Трендафил цвеќе цутеше де-еј
- Трендафил цвеќе цутеше Милице
- Ај на градите ти паѓаше
- Ај на градите ти паѓаше Милице
- Ти на скутот ми спиеше де-еј
- Ти на скутот ми спиеше Милице
- Ај тогаш ти лице целував
- Ај тигаш ти лице целував Милице
- Лице ти беше спокнато де-еј
- Лице ти беше спотнато Милице
- Ај на срце оган то гореше
- Ај на срце оган ти гореше Милице
- Ти мене жално ме гледаше де-еј
- Ти мене жално ме гледаше Милице
- Ај од очи солзи ронеше.
- Лице ти беше спотнато Милице
- Ај на срце оган то гореше
- Ај на срце оган ти гореше Милице
- Ти мене жално ме гледаше де-еј
- Ти мене жално ме гледаше Милице
- Ај од очи солзи ронеше.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |