Македонски народни песни/ Ангелино моме
- Ангелино моме,
- шо си толко љута, џанам,
- Ангелино моме,
- шо си толко љута,
- Љута наљутена,
- глава навидена, џанам,
- Љута наљутена,
- глава навидена,
- Дали мајка каре,
- или татко бие, џанам,
- Дали мајка каре,
- или татко бие,
- Ниту мајка каре,
- ниту татко бие, џанам,
- Ниту мајка каре,
- ниту татко бие,
- Как да не сам љута,
- оти ме дадеја, џанам,
- На село тарлешко,
- на голема куќа,
- На голема куќа,
- на малечко момче, џанам,
- На голема куќа,
- на малечко момче,
- Јас бежам киларе,
- и он по мене иде, џанам,
- и он по мене иде,
- и додо ме вика,
- Јас за вода одам,
- и он по мене иде, џанам,
- и он по мене иде,
- и мајко ме вика
- Јас не ти сам мајка,
- туку ти сам жена, џанам,
- Туку ти сам жена,
- Желки да те јадат.
Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на [[Солун].
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |